bandr
Струмица

ДОСЕГА НЕВИДЕНО ВО ГРАДОТ: „АТЛАНТИС“ НАСКОРО ГО ОТВОРА ПРВИОТ УЛТРА МОДЕРЕН ФИТНЕС И СПА ЦЕНТАР ВО СТРУМИЦА НА ПОВРШИНА ОД 1.200 m2 ВО „ГЛОБАЛ“!

„АТЛАНТИС“ наскоро го отвора првиот ултра модерен фитнес и СПА центар во Струмица во „Глобал“ на трети спрат на површина од 1.200 m2! Струмица Денес дознава дека модерниот фитнес и СПА центар ќе биде по франшиза на Pulse fitness и  СПА центрите во Бугарија и дека нема да биде само единствен во Струмица, туку се планирани и други 15 такви фитнес центри во цела Македонија. Ултра модерниот фитнес и СПА центар ќе биде опфатен со многубројни групни занимања, со персонални лиценцирани тренери, диетолог со кардио зона и со нови најмодерни уреди за вежбање од линијата на „Live fitness“ и „Active gym“. Фитнес центарот ќе располага со луксузни соблекувални со сауна, професионална климатизација и вентилација и многу други изненадувања. Тимот на Струмица Денес со големо задоволство ќе го проследи самото отворање на ултра модерниот фитнес и СПА центар кој ќе се случи наскоро! За сите информации ќе бидете известени навремено преку нашиот портал!

Ознаки