Премиер Албанец ќе има и ќе се исполни Пржинскиот договор за техничка Влада, нагласи во гостување во ТВ21 собранискиот спикер Талат Џафери.
„Сите што прават математика за парламентарните избори во 2024 година, треба да имаат предвид дека за парламентарните избори, без разлика дали се редовни, мора да има техничка влада 100 дена пред 5 мај. Секој првоодделенец, ако почне да брои, тоа го сфаќа пред 100 дена. Во мај имате 30 дена, во април имате 31 ден, во март имате 30 дена, во февруари имате 28 дена… Техничката влада треба да биде во последната недела од јануари“.
Во врска со тоа, тој додаде дека ќе има и албански премиер, бидејќи, како што рече, техничкиот премиер не и припаѓа на опозицијата.