Со доаѓањето на месец февруари започна и онаа театарска магија на која најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. По тој повод, специјално само за најмладата публика во Струмица на 16.02.2025 (недела) во 12 часот во НУЦК Антон Панов во Струмица ПРЕМИЕРНО ќе биде одиграна претставата за деца „Црвенкапа и смешниот волк”, која со сигурност ќе создаде волшебни, детски спомени во секое детско срце, а воедно ќе ги потсети родителите на дечињата на времето кога и тие беа деца, и уживаа во магијата на театарот.
Во претставата учествуваат Црвенкапа, смешниот волк, бабата од Црвенкапа и “чичкото ловџија”. Ова е претстава, која според публиката е вистински детски, музички-театарски спектакл за најмладите.
Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија, и истата е надополнета и со неколку новокомпонирани детски музички песни кои се специјално создадени за оваа претстава, и истите пред публиката заедно со дечињата ќе ги отпеат нивните омилени театарски ликови од оваа волшебна сказна. На крајот од претставата, дечињата ќе се сликаат со Црвенкапа и смешниот волк, бабата и ловџијата, а воедно СЕКОЕ ДЕТЕНЦЕ ЌЕ СИ ДОБИЕ И ПОДАРОК – ЛИЧНО ОД ЦРВЕНКАПА.
Се гледаме на претстава, а Вие билети 24/7 може да си резервирате на телефон 070/ 272-593 или лично да си купите од билетарата во НУЦК Антон Панов, секој работен ден од 08 до 15 часот.
Цена на билет 200 денари. За секое детенце следува подарок од Црвенкапа!