Деталната временска прогноза за цела недела и викендот!

јули 6, 2021

До петок времето ќе биде сончево и многу топло, а веќе од петок и за време на викендот се очекува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во среда времето ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во четврток времето ќе биде Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во петок времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ