Денови на маргинализирани уметности во Струмица заедно со струмичанецот Ацо Ѓоргиев и Методи Андонов од Штип

октомври 15, 2018

„Денови на маргинализирани уметности“, посветен на сатирата, афоризмот и карикатурата, што ќе се одржи во среда, 17-ти октомври, во 19 часот во фоајето Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица.

На настанот ќе бидат претставени делата на сатиричарот Јане Атанасов од Кочани, афористичарот Ацо Ѓоргиев од Струмица и на карикатуристот Методи Андонов од Штип.

Публиката ќе може да ја види и изложбата на портрет карикатури на Методи Андонов. За време на настанот, Андонов ќе изработи портрет карикатура на еден познат граѓанин на Струмица, кому делото на крајот од настанот, ќе му биде подарено.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ