Од родителите наследи големо богатство и целото го потроши за украсување на црквите, особено за посребрување и позлатување на икони. А кога осиромаши и остана без ништо сите го презреа. Ѓаволот му дошепна дека залудно си го потроши имотот, наместо да им го раздаде на сиромасите тој го потроши за украсување на црквите. Еразмо му се подаде на ова искушение и поверува, заради што се презре себеси и падна во очајание, па почна да живее неуредно и беззаконо. Кога му се приближи часот на смртта, се собраа околу него монасите од братството и почнаа да разговараат за неговите гревови, зашто тој беше во бессознание. Одеднаш се исправи во постелата и рече: „Отци и браќа, така е како што велите, но еве ми се јавија свети Антониј и Теодосиј, а потоа и Пресвета Богородица и ми рекоа дека Господ ми дава уште време за покајание“. Вреднувајќи го неговото украсување на црквите, Пресвета Богородица му кажала и охрабрувачки зборови: „Сиромасите ги имате на секое место, а моите цркви ги немате“. И поживеа уште три дена, па се покаја и почина во Господ. Свети Еразмо се упокои во 1160 година.
Денес се слави Преподобен Еразмо, монах Печерски
Тешко повреден маж од Струмичко по пад од мотор!
„Вчера во 20.25 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Робово и Муртино, струмичко,…
Фејсбук реакција на Родителски Фронт. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост: https://www.facebook.com/roditelskifront/posts/pfbid02cfRwimaHiHFBDAfoarNqRVP1ayFgwxgDwdkuVqxevFTuPfyQFwkTfUNmmGx1uA6pl ПРОГРЕСИВНО ЛУДИЛО ЗА СРЕБРЕНИЦИ Главен мотив за оваа…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот Костадинов како да нема допир со реалноста…
Денес е Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Јерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога…
Времето денес ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне и кон…
Денес се празнува Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета
Родители на светиот Јован Претеча. Захарија беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење…