Денес се празнуват Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив

август 5, 2023

Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставени на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган. Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. А Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство. Чесно пострадаа во Ликија, во 308 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ