Тие двајцата беа од седумдесетте апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува светиот апостол Павле (Римјани 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од Тарс како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот, апостолите го поставија за епископ Тарсиски, а вториот – за епископ Икониски. Патувајќи и проповедајќи го Евангелието, овие двајца апостоли стасаа на островот Крф каде што успеаја да подигнат црква посветена на споменот на светиот првомаченик Стефан и да придобијат некои незнабошци за Црквата. Царот на овој остров ги фрли во затвор, а внатре беа затворени седуммина разбојници: Сагорниј, Јакисхол, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Ефрасиј и Мамиј. Апостолите ги приведоа овие седуммина во Христовата вера и од волци ги направија јагниња. Кога слушна за тоа царот, нареди да ги убијат со врела смола. Така сите примија маченички венци. А кога ги мачеше апостолите, царската ќерка Керкира ги гледаше од прозорецот маките на Божјите луѓе, па штом дозна зошто ги мачат и самата објави дека е христијанка и им го раздаде својот накит на сиромашните. Царот се разгневи на својата ќерка и ја затвори во посебен затвор, па бидејќи со ништо не успеа да ја одврати од Христа, нареди и во затворот ја запалија. Затворот изгоре, но девицата остана жива. Кога го виде ова чудо, се покрсти многуброен народ. Тогаш царот разјарен нареди и ја врзаа ќерка му за едно дрво и ја убија со стрели. Оние што поверуваа во Христа побегнаа од страшниот цар на блискиот остров и се сокрија. Царот тргна на кораб за да ги фати, но коработ потона во морето и нечестивиот цар загина како некогаш фараонот. Новиот цар ја прими Христовата вера, се крсти и го доби името Севастијан. Јасон и Сосипатар слободно го проповедаа Евангелието и ја утврдуваа Црквата Божја на Крф до нивната длабока старост и таму го завршија својот земен живот, па преминаа кај Господа.
Денес се празнуваат Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира
Денес е Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Јерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога…
Времето денес ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне и кон…
Денес се празнува Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета
Родители на светиот Јован Претеча. Захарија беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење…
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни…
Од неделата попладне, 15 септември, 23 годишната Теодора Малинова од Велес заминала од нејзиниот дом, заедно со двегодишната ќерка. Тие…
На денешната собраниска седница пратеникот Цеков праша дали градоначалникот на општина Струмица аплицирал до Владата да добие финансиски средства за…