Овој славен светител беше родум од Египет и прв војвода на царот Константин Велики. Кога на царот Константин му се јави победоносниот крст, поверува во Господ Исус Христос и се крсти. Подоцна, во времето на царот Констанциј овој цар го испрати Артемиј во Елада за да ги пренесе моштите на свети Андреј од Патра и на свети Лука од Тива во Цариград, а ова војводата Артемиј го изврши со радост. Потоа беше поставен за августалиј и царски намесник во Египет и во овој чин остана и во времето на Конастанциј, Константиновиот син, а извесно време и при Јулијан Отстапник. Кога овој богоотстапен цар тргна во војна со Персијците, запре во Антиохија и му нареди и на Артемиј да дојде со својата војска во Антиохија. Артемиј дојде. Во тоа време царот подложи на маки двајца христијански свештеници, Евгениј и Макариј. Кога го виде тоа Артемиј се возмути со сето срце и излезе пред царот и му рече: „Зошто цару толку нечовечно ги мачиш невините и на Бога посветени мажи и зошто ги присилуваш да се откажат од верата православна?“ И уште Артемиј му прорече на царот: „Твојата погибел е близу.“ Разјарен царот ги испрати оние двајца чесни свештеници на прогонство во Арабија, каде што набрзо се упокоија, а војводата Артемиј го расчини и нареди да го растргнуваат и бијат. Сиот ранет и раскрвавен Артемиј го фрлија во затвор, каде што му се јави Самиот Господ Исус Христос, Кој го исцели и го утеши. Потоа царот нареди, та го спростреа на еден камен, а со друг тежок камен го притиснаа така што телото на Артемиј го здробија и го сплескаа како штица. Најпосле му ја отсекоа главата. Ова се случи во 362 година. А царот Јулијан отиде на бој против Персијците и срамно загина, како што му прорече свети Артемиј.
Денес се празнува Светиот великомаченик Артемиј
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…
На 28 Ноември во 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе настапи група составена од студенти-волонтери од различни…
На почетокот на видео обраќањето Орбан ги откри причините за свикување на вонредната седница на унгарскиот совет за одбрана. „Среда…
Конечно и во Струмица доаѓа големиот детски – светски спектакл, Театарската претстава за деца “Пинокио, која е пропратена со новокомпонирани…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: 30.000 ЕВРА РАЗЛИКА ВО ДОГОВОРИТЕ ЗА НАБАВКА НА…
ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: КОСТАДИНОВ ОТИДЕ ДО ПАРИЗ, ЗА ДА СЕ СЛИКА СО ПЛАКЕТА ОД ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ОД УНИВЕРЗИТЕТ ВО СКОПЈЕ Костадинов…