Денес се празнува Светиот пророк Агеј

декември 29, 2023

Роден е во Вавилон, за време на робувањето на Израилот, од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Јерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на поранешниот, вели Господ над војските“ (Агеј 2, 9). Зашто во новиот храм ќе се јави Господ Спасителот. Овој пророк доживеа да види еден изграден дел од храмот, што го почна Зоровавел. Се упокои на старост.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ