Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во сè го држеше Божјиот закон и ги поучуваше своите врсници и другари во благочестието. Преку некое видение дозна дека ќе треба маченички да пострада за Христа. Во тоа време имаше големо гонење на христијаните во блискиот град Помпеопол од страна на некој Максимијан, управител киликиски. Во градот имаше некој златен идол на кого незнабошците му се поклонуваа. Созонт ги остави своите овци, отиде во градот, влезе во незнабожечкиот храм, му ја скрши раката на златниот идол, ја раздроби и им ја раздаде на сиромасите. Заради тоа, во градот настана голема тревога и незнабошците почнаа да го бараат виновникот. За да не пострада некој друг заради неговото дело, Созонт се упати кај управителот и се пријави себеси како христијанин и извршител на она дело. Мачителите најпрво го тепаа, а потоа го обесија на дрво и го стружеа со железни четки, а кога беше веќе на умирање го ставија на оган, каде што свети Созонт Му ја предаде својата душа на Бога. Пострада околу 304 година. Неговите мошти се покажаа како чудотворни и над нив беше подигнат храм посветен на светителот.
Денес се празнува Светиот маченик Созонт
За време на Студената војна, американската Централна разузнавачка агенција спроведе неверојатни експерименти кои го надминаа вообичаеното разбирање на науката. Еден…
Понудите за работа од компанијата на Илон Маск се достапни на официјалната веб-страница на компанијата, каде што нудат плата од…
Шеесет и пет годишен струмичанец вчера бил уапсен откако полицијата кај него и во неговиот дом пронашла дрога. Од МВР…
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено…
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…