Еден од дванаесетмината. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома, ќерката на Ангеј (син Варахиин, Захариев), Јосиф дрводелецот имаше четири сина: Јаков, Јосија, Симон и Јуда. Овој Јуда понекогаш се нарекува и Јуда Јаковов, по брат му Јаков, којшто е попрочуен од него. Своето послание свети Јуда го почнува вака: „Од Јуда, слуга на Исуса Христа, брат Јаковов.“ Иако и тој можеше да се нарекува брат Господов колку и Јаков, тој тоа не го правеше од смирение и срам, зашто во почетокот не Му веруваше на Господ Христос; и кога старецот Јосиф пред смртта сакаше да му даде дел од имотот и на Исус како на сите свои деца, сите па и Јуда, се спротивставија на тоа, освен Јаков, којшто драговолно одвои дел од својот имот и го намени за Исус. Јуда уште го нарекуваат и Левиј и Тадеј. Има уште еден Тадеј, од седумдесетмината апостоли (21 август), но овој Тадеј или Јуда когошто Црквата го слави на денешен ден беше еден од големите апостоли. Го проповедаше Евангелието по Јудеја, Самарија, Галилеја, Идумеја, Сирија, Арабија, Месопотамија и Ерменија. Во Едеса, градот на Авгар, ја дополни проповедта на оној другиот Тадеј. Кога проповедаше во пределите околу Арарат, го фатија незнабожците, го распнаа на крст и го убија со стрели, за вечно да царува во Царството Христово.
ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ЈУДА
СТАРЕЧКИ ДОМ „АСТРЕОН“ ВО БАНСКО ВРАБОТУВА НЕГУВАТЕЛКИ!
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско. Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Денес се празнува Светиот апостол Јаков
Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на…
Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период…
Во сообраќајна несреќа во Дабиле тешко повредена 31-годишна жена
На 20.10.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, во…
Стојанов Костадин е новиот ВД директор на АД Водостопанство-Струмица. Роден 1964 од село Дабиле. Дипломониран инжинер - агроном на земјоделски…