Дедо ми од Струмица се преселил во Измир, ама корените ме влечат тука: Турскиот глумец Толга Орталџил снима серија во Скопје!

август 26, 2022

Турскиот глумец Толга Ортанџил (30) пред неколку недели дојде во Скопје за да ја снима серијата „Балканска приспивна песна“. Првпат е во Македонија, иако дедо му е роден во Струмица. Барајќи подобар живот, дедо му со семејството пред многу години се преселил во Измир, каде што е роден Толга. Но во интервју за „Репортер“, тој вели дека корените отсекогаш го влечеле да дојде во земјата на неговите предци.

„Среќен сум што сум конечно во Македонија. Земјата веднаш ми се допадна. Скопје е многу сладок град. Луѓето се многу пријатни и храната е добра. Се чувствувам како да сум дома. Поради дедо ми мислам дека во крвта носам дел од Македонија, каде и да сум“, вели Толга.

„Балканска приспивна пресна“ веќе неколку месеци се снима во Скопје, за откако почна да се прикажува на телевизијата ТРТ во Турција, за кратко време стана хит. Ирфан, ликот што го глуми Толга, се појавува во деветтата епизода.

Целосната вест може да ја погледнете ОВДЕ.

ИЗВОР: РЕПОРТЕР.МК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ