ДА ДАДЕМЕ ПОДДРШКА НА НАШАТА ПОЛИЦИЈА: УТРЕ ПРОТЕСТ ВО СТРУМИЦА – ПОЛИЦИЈАТА МОРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТА И БЕЗБЕДНОСТА ВО СВОИ РАЦЕ!

ноември 10, 2023

СООПШТЕНИЕ НА СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА СВР СТРУМИЦА:

Врз основа на морална и општествена одговорност која ја имаме сите, Ве поканувам на ден 11.11.2023 година, во 11:00 часот, да дојдете на ПРОТЕСТ , со кој ќе ја поддржите и охрабрите македонската полиција, чија состојба е загрозена, деградирана и целосно занемарена. Збирното место за наведениот протест е Бензинска пумпа,,Макпетрол“-Струмица.

Сведоци сме дека веќе подолг период македонските полициски службеници се дискриминирани, омаловажувани, занемарени работејќи во целосно ниски деградирачки услови за извршување на работните задачи. Полициските овластувања се само формалност на парче хартија, со што ригорозно се загрозува безбедноста и благосостојбата на самиот полициски службеник, а како последица на тоа се загрозува и Вашата безбедност.

Со законските ограничувања врз полициските службеници, се ускратува можноста истите правилно да си ја вршат должноста со цел воспоставување БЕЗБЕДНО општество, ПРАВЕН систем и правда,и почитување на ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА.

Јавна вистина е дека полициските службеници се често физички и вербално напаѓани при што, врз основа на тоа првичен е фактот дека истите целосно не се законски заштитени. Се појавува и прашањето ,,Како е возможно да Ве заштити полициски службеник, кој самиот не е заштитен?“.

Врз основа на горенаведеното, и врз основа на морална и општествена одговорност за градење на безбедно општество, Ве замолуваме сите кои сте во можност да присуствувате на горенаведениот протест, и да ја дадете Вашата целосна поддршка за измена на Законот на полиција и Кривичниот законик, со цел македонската полиција целосно да ја преземе одговорноста и безбедноста во свои раце, како и слободно да одговори на секој предизвик, од кој најголем е зачувување на Вашата безбедност, безбедноста на Вашите деца, и одржување на јавниот ред и мир во нашето општество кој секогаш ќе се темели со почит кон меѓународните човекови права.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ