strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Струмица се’уште нема градски пазар, ама затоа секој ден има се’ поголеми дупки по улиците!

Автор:

Датум:

јуни 4, 2024

Автор:

Датум:

јуни 4, 2024

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Ветувањата на Костадинов за нов и модерен градски пазар во Струмица останаа празни зборови❗️

Нема никаква активност на повидок за реализација на овој проект, кој беше еден од неговите капитални проекти❗️

Струмица сеуште останува една од ретките општини без модерен пазар.

Додека Костадинов се занимава со профитерски проекти и набавка на електрични комбиња од 7 милиони евра, другите општини сериозно работат на модернизација и на проекти во интерес на граѓаните.

Општина Штип доби нов, модерен и функционален пазар за потребите на своите граѓани.

Струмичани од Костадинов добија милионски долгови од профитерски проекти, без ниту еден реално завршен проект. Струмица секој ден има се поголеми дупки по улиците ама битно по нив ќе возат комбиња од по 700 000 евра❗️

Силата е во народот 🇲🇰