Д-Р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС Струмица и Градоначалникот Костадинов, продолжуваат со партиски вработувања на блиски послушници по институциите.
Додека лицемерно зборуваат за европски вредности и за демократија, вистината е дека целокупното делување во општината се сведува на тоталитаристичко владеење и непотизам со поставување на блиски, партиски послушници.
Најнов пример за такво работење е поставувањето за директор на НУЦК Антон Панов Струмица на лице кое досега било вработено како правник во Општина Струмица, во Одделението за општи и правни работи и извршувала соодветни задачи.
Наместо за директор на НУЦК Антон Панов да се избере лице со долгогодишно искуство во областа на културата и лице кое доаѓа од вработените во оваа институција, за директор се поставува надворешен партиски послушник.
Притоа, по тоталитаристичкиот начин на управување со Општина Струмица и државните институции во Струмица, истото лице како правник не исполнува неколку основни услови за таква раководна позиција.
Се поставува како директор на НУЦК Антон Панов а нема барем 5 год. работно искуство во областа на културата и во моментот на конкурирање истото лице било и член на Управниот одбор на оваа институција.
Додека секојдневно, лицемерно се прикажуваат како најголеми демократи со високи европски вредности, во суштина СДС Струмица секојдневно ги уништува македонските институции со поставување на несоодветни и партиски кадри на раководни позиции.
Уништувањето на културните институции значи и демотивирање и потиснување на младите културните работници. Системско уништување на секоја институција и пропаст на Македонија за полесно распродавање.
НУЦК Антон Панов има свои долгогодишни кадри и професионалци кои се спремни да раководат и да ја унапредуваат ова институција со голема традиција.