Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
КОСТАДИНОВ ПРОДОЛЖУВА СО ХАОТИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ И СО ПОЛИТИЧКИ ЗАКАНИ ПРЕКУ ПИСМА!
Локалната демократија претставува основа за правично и успешно управување во Општина Струмица многу години. Градоначалникот како прв човек ја има улогата да биде лидер во тој демократски процес преку транспарентност и преку овозможување право на секој јавно да зборува и критикува – слобода на говор.
Кога некој ќе се обиде со закани да ја прекине слободата на говор – тоа значи дека сериозно има страв од тоа што се зборува и кажува.
Нашиот народ вика: СИ ЈА ИМА МУВАТА НА КАПАТА – САМ СЕ ПРОНАОЃА ВО ПРИКАЗНАТА.
Костадинов преку писмо, бара од мене јавно извинување поради мој јавен став за него. ЦИТИРАМ: … Костадинов е најнеспособниот градоначалник досега….
Меѓутоа, тоа е став и мислење на народот!
На средбите со граѓани за Буџетот , еден од присутните изјави, пред сите: .. ……..тај е најлошиот Градоначалник шо сме го имале… од сите досега…..
За жал Костадинов, е НАЈНЕСПОСОБНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК бидејќи целиот негов мандат го потроши само за сопствен интерес.
Додека ги менаџираше процентите и провизиите од УЛТРА скапите и незавршени проекти во Струмица — Општина Струмица ја остави без чиста вода за пиење, без инфраструктура, без капитални проекти, без јавен превоз, без пазар, без зелени површини и паркови, без никакви инвестиции, ниту чистење на населените места….. едноставно Струмица ја направи најнеразвиена Општина додека се грижеше за сопствениот интерес.
НАЈНЕСПОСОБЕН ГРАДОНАЧНИК е бидејќи нетранспарентно и ненавремено реагираше кога настана еколошката криза со чиста вода за пиење. Со што предизвика паника во Струмица!
Многу пати на Совет реагиравме дека прочистителната станица не се одржува и секоја година предвидениот буџет не се троши за правилно сервисирање во фабриката за вода. Се трошат огромни средства од Буџетот за вода, а вода за пиење во одредени делови на градот и населените места НЕМА.
НАЈНЕСПОСОБЕН ГРАДОНАЧАЛНИК е и бидејќи по секоја цена набави УЛТРА СКАПИ електрични комбиња по 700 000 евра а во секое друго место таквите комбиња се набавени за 350 000- 400 000 евра!
Потроши 7 МИЛИОНИ ЕВРА без да направи соодветна физибилити студија за да го оправда целосно електричниот превоз ( така го нарекува) во Општина Струмица. Во објавената физибилити студија за јавен превоз во Струмица стои дека превозот ќе се врши со веќе набавени електрични комбиња и во неа нема анализа дали тој превоз за Струмица е оправдан.
НАЈНЕСПОСОБЕН ГРАДОНАЧАЛНИК е бидејќи направи бетонски ѕидови над Струмица за социјалната населба за кои Државен завод за ревизија најде многу недоследности и неправилности. Проектот кажа дека ќе биде готов за една година – поминаа четири години и сеуште не е завршен.
НАЈНЕСПОСОБЕН ГРАДОНАЧАЛНИК е бидејќи НЕ НАПРАВИ ниту една инвестиција за населените места да ги исчисти, да ги исчисти одводните канали за да не се поплавуваат, да инвестира во инфраструктура во нив. Куклиш секое лето има проблем со вода за пиење. Во Банско со години проблемот е ист. Исто е и со другите населени места.
НАЈНЕСПОСОБЕН ГРАДОНАЧАЛНИК е и бидејќи не успеа ниту правилно да аплицира за средства за проекти кои ќе бидат финансирани од Влада на Р. Македонија. Додека другите општини аплицираат за подобра инфраструктура, Костадинов аплицира за ПАЗАР од 5 МИЛИОНИ ЕВРА.
Други готови проекти и нема – научен е да работи без проекти – од око ги решава проблемите и сумите!!
И т.н.
Костадинов и понатаму продолжува со НЕОДГОВОРНО и НЕСПОСОБНО однесување. Пример за тоа е неговата ЛИЧНА одлука да го напушти ЗЕЛС.
Мора да знае нешто – ОПШТИНА СТРУМИЦА НЕ Е НЕГОВА ЛИЧНА СОПСТВЕНОСТ и не смееме и нема да дозволиме поради негови лични фрустрации да носи одлуки кои ќе наштетат на сите во Струмица.
Такви одлуки може само дома да си носи!
ЗА ЖАЛ Костадинов е сеуште под импресии од едно друго време кога имаше репресии поради јавно искажано мислење и став.
За жал Костадинов го потроши својот мандат и не остави впечаток на човек на кој Општина Струмица му е битна и работи во интерес на унапредување на Струмица и подобрување на условите за живот во неа за сите нас.
Струмица заслужува искрени, способни и чесни луѓе кои ќе менаџираат со потребите на граѓаните!
КОСТАДИНОВ НЕ Е ЕДЕН ОД НИВ!
Силата е во народот 🇲🇰