strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Општина Струмица и советниците на СДС изгласаа нов профитерски проект за Јавно – приватно партнерство за фотоволтажни централи на школите и градинките во Струмица!

Автор:

Датум:

октомври 30, 2023

Автор:

Датум:

октомври 30, 2023

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Општина Струмица и советниците на СДС изгласаа нов профитерски проект за Јавно- приватно партнерство за фотоволтажни централи на школите и градинките во Струмица❗
Пред само 8 месеци истите советници изгласаа задолжување на Струмица за 2,2 милиони евра за фотоволтажни централи со кредит за ЈП Комуналец. Инвестицијата во најзадолженото претпријатие во Р. Македонија ќе биде со кредитно задолжување на Општина Струмица❗

Во школите и училиштата, каде има чиста ситуација и каде граѓаните и децата ќе имаат директна корист, изгласаа проект за фотоволтажни централи со Јавно-приватно партнерство на период од 25 години❗

На штета на граѓаните ❗

Пред 8 месеци имаа интерес да ги задолжат граѓаните со кредити за 2,2 милиони евра во ЈП Комуналец, сега имаат интерес за Јавно-приватно партнерство во школите и градинките, за ист проект❗

Предлог на ВМРО-ДПМНЕ, и пред 8 месеци и на последната седница е Општина Струмица да инвестира во фотоволтажни централи во школите и градинките со сопствени средства. Само така граѓаните и Струмица ќе има директна и долгогодишна корист 📍

Струмица ја сакаат со срце само за да спроведуваат профитерски проекти за свој џеб❗