Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Луѓето кои јасно се изјаснија за да се промени име на своја држава, кои беа подржувачи на сите паради и трибини за трансродова еднаквост – денес се првите во заштита на „своите граѓани’’

јуни 22, 2023

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

БОРБАТА ПРОТИВ РОДОВА ЕДНАКВОСТ

Како станавме земја во која првите комшии ни го негираат постоењето а ни се прават најблиски и тоа го подржуваат наши сограѓани. Како станавме земја во која на водечки позиции се луѓе кои едно кажуваат денес, утре кажуваат друго а после прават трето. Како станавме земја во која лицемерието е главна особина кај луѓето кои се избрани од народот. И, како станавме земја во која лицемерните луѓе се прикажуваат како најголеми патриоти и борци во заштитата на семејните вредности и децата.

Предлог-Законот за родова еднаквост и дополнувањето на Законот за матична евиденција се штетни закони по нашето општество, држава, народ, семејства и штетни се по иднината на нашите деца.

Во борбата за заштита на семејните вредности треба да се вклучиме сите.

Меѓутоа, не смееме да заборавиме кој допринесе за ваквите предлог закони да бидат тема во нашата држава и општина.

Луѓето кои до вчера беа први подржувачи на активистите за родова еднаквост, денес преку ФБ постови се прокламираат како најголеми заштитници на семејните вредности.

Луѓето кои ги донесоа на голема врата родовите активисти во Општина Струмица, денес се први борци против нив.

Луѓето кои јасно се изјаснија за да се промени име на своја држава, кои беа подржувачи на сите паради и трибини за трансродова еднаквост – денес се првите во заштита на ‘’своите граѓани’’ од опасностите од родовиот активизам и во заштита на децата. Притоа, тоа се прави само преку ФБ рекламирање.

Така не се сака Струмица! Така се седи на два стола, и се работи за свој интерес!

Тоа е лицемерие!

Со луѓето кои се во заблуда и кои мислат дека овој предлог Закон е вовед во модернизација на Р. Македонија, ќе се разбереме со аргументи и со подолги дебати. Меѓутоа, со лицемерие не можеме да се разбереме. Кога ќе имаат повторен интерес тие луѓе пак ќе го ‘’сменат дресот’’.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и на вчерашната седница храбро и единствено, застана во одбрана на семејните вредности.

Кажа НЕ, за нарушување на слободата на вероисповед, застана против секој активизам кој ќе ја наруши иднината на децата и против обидите за рушење на нашата култура и верски убедувања.

Тоа го направивме јавно и со дебата, без да се криеме.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе продолжат и понатаму да бидат први во одбрана на граѓаните од секоја опасност во Струмица.

Секогаш јавно ќе застанеме против секој обид за рушење на нашата култура, обичаи и верувања.

Без да правиме лицемерни калкулации!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ