Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Електрични КОМБИЊА за 7 000 000 евра❗️
Целосно електричен јавен превоз по цена од 700 000 евра по комбе од 20 седишта, претставува опасност за идните Буџети и опасност за развојот на Општина Струмица❗️
Направена е набавка преку лизинг, без да се направи експертска анализа, физибилити студија, без финансиски план и без презентација и запознавање на јавноста❗️
ЈП Струмица транспорт и после една година нема никаков сообраќаен проект за јавниот превоз, нема урбанистички проекти за станиците, нема ниту физибилити студија за проценка на одржливоста и потребата од екстремно скап електричен превоз во Струмица❗️
Костадинов со самостална одлука набавува електрични комбиња за 7 000 000 евра, без никакви експертски консултации и без запознавање на јавноста❗️
Со ваква нетранспарентна и скандалозна набавка, Општина Струмица има опасност да остане единствена голема општина без ефективен јавен превоз за своите граѓани❗️
На кој му одговара нетранспарента набавка на комбиња за 7 милиони евра❓