strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Костадинов без грам почит ја напушти седницата на која требаше да одговара на прашања од советниците и граѓаните!

Автор:

Датум:

ноември 29, 2024

Автор:

Датум:

ноември 29, 2024

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

КОСТАДИНОВ БЕЗ ГРАМ ПОЧИТ КОН ГРАЃАНИТЕ, СОВЕТНИЦИТЕ, ДИРЕКТОРИТЕ И ИЗВЕСТИТЕЛИТЕ ЈА НАПУШТИ СЕДНИЦАТА НА КОЈА ТРЕБАШЕ ДА ОДГОВАРА НА ПРАШАЊА ОД СОВЕТНИЦИТЕ И ГРАЃАНИТЕ

Костадинов не даде одговори на прашања поставени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и си замина по отпочнување на дебатата.

Без почит кон сопствените директори на јавните претпријатија и училиштата, без почит кон Општина Струмица и граѓаните, без почит дури и кон својата советничка група, Костадинов ја напушти седница без образложение.

Видно фрустриран, најверојатно што не е дел од ниту еден раководен орган на СДСМ во новото раководство, дезорентирано одговори на неколку прашања без прецизни одговори по што ја напушти седницата.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара седница да продолжи тогаш кога градоначалникот Костадинов ќе дојде на седницата за да може да се постават прашањата кон Градоначалникот а во интерес на граѓаните на Општина Струмица.

Костадинов со ваков гест сврте грб на народот и на Општина Струмица и проблемите со кои се соочуваме!