strumica denes logo

МИЦКОСКИ ОД ОН: Ние сме мала земја, но одбиваме големината на нашата територија да ја одредува големината на нашата амбиција!

Автор:

Датум:

септември 25, 2026

Автор:

Датум:

септември 25, 2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати пред 81. Генерално собрание на Обединетите нации, од каде порача дека иднината треба да се гради врз правила, дијалог и заедничка одговорност, во услови на големи светски промени и нови предизвици.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во обраќањето, Мицкоски се осврна на значењето на меѓународниот поредок за малите држави, нагласувајќи дека за Македонија тоа е прашање на опстанок, безбедност и право на достоинство и сопствен глас.

„Нашето искуство како држава нѐ научи дека мирот не започнува кога војната ќе заврши. Мирот започнува кога политиката има доволно мудрост и храброст да спречи конфликтите воопшто да започнат“, истакна премиерот.

Говорејќи за европската интеграција, Мицкоски порача дека земјата бара пристапен процес заснован врз јасни, еднакви и предвидливи стандарди.

„Ние сме мала земја, но одбиваме големината на нашата територија да ја одредува големината на нашата амбиција. Не бараме полесен пат кон Европската Унија, туку пат заснован врз правила. Не бараме пониски стандарди, туку стандарди што се јасни, еднакви и предвидливи“, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи и дека одговорноста кон идните генерации подразбира создавање свет во кој правилата важат за сите, а секоја држава има право на достоинство, сигурност и иднина. Според него, моќта не смее да биде единствениот аргумент во меѓународните односи.