Д-р Јадранка Поцкова, пратеник во собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Деновите што претстојат во својата празничност се можност да ги посетиме најблиските и да сме секогаш тука за оние на кои сме им најпотребни.
Посетата на штитениците на Заводот за Рехабилитација во Банско во пресрет на Новата Година е дел од мојата задолжителна агенда секоја година во придружба со колешката Ели Панова, претседателот на ОК на Вмро-Дпмне Жан Дрвошанов и претседателката на УЖ Евица Трајанова.
Нашите средби служат за да го зацврстиме пријателството, да ја утврдиме меѓусебната доверба и надежта во подобар заеднички изграден социјален, здравствен или образовен систем.
Подадените раце и насмевката нека ни бидат спомен на годината која ни изминува и симбол на подобрите очекувања од Новата 2023 Година !