Д-Р ЈАДРАНКА ПОЦКОВА: ИМАМЕ И НИЕ ДОМА ФАМИЛИИ, САКАМЕ ДА БИДЕМЕ ЗАШТИТЕНИ, А НЕ СЕКОЈ ДЕН ПРЕСОВИ ДЕКА ЌЕ ИМА ОПРЕМА ИЛИ ЌЕ ДОБИЕМЕ ДОНАЦИЈА!

март 28, 2020

Фејсбук статус на Д-р Јадранка Поцкова:

Млади доктори,електроинженери и не знам кој уште ,нека ми простат што нема да ги именувам,А УПОРНО РАБОТАТ ,заедно се тим,со желба да ни помогнат, веке изработија Визери и дел се доставени до здравствените работници кои се први на удар. А ке добиеме сите, во болницата во Струмица, матични доктори. Брза помош се први,веке треба да имаат добиено од Брза помош .Благодарение на тие златни деца кој самоиницијативно работат и сами собираат средства. Ке имаме дел од опремата која навистина ни е потребна. Сами набавуваме мантили за една употреба, очила заштитни,капи, ги нарачуваме,со свои средства. Од болницата добиваме 1 маска и ракавици за 16 часа дежурство. И добивме од болницата: По еден мантил -вкупно 4 ,за една употреба,по еден мантил за секој доктор и едни очила за 4 доктори.

Низ ординациите циркулират пациенти кој се кријат оти биле во контакт со луге кој биле во странство, дали се плашат оти тогаш нема да бидат прегледани ???????? Кријат оти дома имат во самоизолација деца, или касно кажуваат.А одат од ординација во ординација за потписи за пелени, нега, и за што уште не.

Тоа што сакам да го кажам е дека ние треба да бидеме облечени и заштитени постојано како да имаме работа со инфицирани од коронавирус. И ние имаме фамилии дома.Ако нашата струка е таква што НИЕ мора да бидеме изложени, барем да бидеме заштитени,совеста да ни е чиста ,ако загрозиме,инфицираме некој од фамилијата.Тие седат дома и ги почитуваат
препораките.

Секој ден пресови, ќе има опрема, има опрема,ке добиеме донација, ке бидат поделени. До синоќа немаше ништо.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ