Исполнет до последното столче, НУЦК „Антон Панов“ во Струмица беше претесен за оние кои сакаа да присуствуваат на „митингот“ на стенд ап комичарот Дејан Малзарков кој ги глуми ликовите на Чик Ване, Џоче и Пецко Иглесијас. На 30 август е закажен повторно настан за оние кои не успејаа да купат карти за првиот. Карти за РЕПРИЗА веќе има во книжарница „Култура”.