strumica denes logo

БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА НАМАЛЕН ЗА НАД 141 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!

Автор:

Датум:

ноември 9, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 9, 2018

Категории:

Струмица

На денешната 16-та седница на Советот беше усвоена предлог – одлуката за измена и дополнување на буџетот на општина Струмица за 2018 година со која истиот е намален за над 141 милиони денари или од 1.212.353.375 денари се намалува на 1.071.053.401 денар. Во своето образложение градоначалникот Коста Јаневски рече дека намалувањето се должи на прераспределување на средства од една во друга ставка, како и поради тоа што одредени проекти за кои се планирани средства нема да почнат да се реализираат во тековната година.

-Намалувањето на одредени позиции не значи откажување од нивната реализација, туку ќе се продолжи идната година или кога ќе се создадат услови за нивна реализиција, а до крајот на тековната година е невозможно да се остварат од објективни причини, како што се нерасчистени имотно-правни односи и немање детални урбанистички планови, рече градоначалникот Јаневски.

Советниците ги усвоија и предлог – програмите за измена и дополнување на Програмите за уредување на градежното земјишта, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, за изградба и одржување на јавното осветлување, за активностите од областа на културата и на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2018 година.

На денешната седница беше усвоен и кварталниот извештај за извршување на буџетот за третиот квартал на 2018 година според кој буџетот за овој период е извршен со 55 проценти. Членовите на Советот дадоа зелено светло за Акциски план за стратегија за социјална заштита на граѓаните на општина Струмица за периодот 2019 – 2020 година, за извештајот за работата на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ и за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ за периодот од јануари до септември оваа година, како и за Програмата за работа на општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ за 2019 година. Беа донесени и повеќе одлуки за формирање на паралеки со помал број на ученици во трите средни училишта и во пет основни училишта, а беше донесена и одлука за изработка на основен проект за замена на старите водомери со нови и современи.