strumica denes logo

БРАВО ЗА НОВАТА ВЛАДА: Нема државна помош за спортистите кои ќе рекламираат казина и обложувалници!

Автор:

Датум:

август 30, 2024

Автор:

Датум:

август 30, 2024

Министерот за спорт, Борко Ристовски во интервју за Рес Публика рече дека сите оние спортски работници кои ќе ја рекламираат индустријата за игри на среќа ќе ја загубат државната помош.

„Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници“ вели Ристовски.