Православните христијани во Македонија денеска го слават празникот Богојавление – Водици. Во храмовите на Македонската Православна Црква се одржуваат литургии, а денеска традиционално се фрла крстот во македонските реки и езера.
Годинава, најбрзиот во водите на Струмица беше Љубе Шопов. Шопов доби голем број честитки од присутните, како и од општината. Честитки и од тимот на Струмица Денес!