Атанас Јанев – хероите живеат вечно!

јуни 23, 2018

На денешен ден во 2001 година во операцијата за ослободување на селото Арачиново загина струмичанецот Јанев, заедно со уште двајца негови колеги од полицијата.

Атанас Јанев e роден во Струмица на 23 август 1976. Атанас беше македонски бранител, специјалец во ПЕП, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во битката за Арачиново при престелка со териристи.

Од биографија на Јанев

Атанас е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакаше со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш му се познавало патриотскиот дух. При секое минување низ градскиот плоштад, застануваше и се поклонуваше на паметникот на Делчев војводата, не претпостувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитуваше и споменуваше ликот и делото на Гоце Делчев.

После полнолетството, Атанас имаше силни желби да и служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на Полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифати татковинскиот позив и останаа достоен и верен на заклетвата. Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил брак со неговата сопруга, која веќе била трудна и очекувале прво дете. Атанас ја доживува истата судбина како и неговиот соборец, беровчанецот Никола Пехчевски, кои заедно загинаа, и двајцата не дочекале да си ги видат децата. Неговото чедо денес го носи татковото име – Атанас.

Атанас како и другите соборци кои загинуваат заедно, доброволно се пријавувале да учествуваат во првите борбени редови во акцијата за ослободување на Арачиново.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: