strumica denes logo

Астронаутите на НАСА добиваат нови скафандери

Автор:

Датум:

март 17, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Автор:

Датум:

март 17, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (NASA) и компанијата со седиште во Тексас, Axiom Space, претставија нов дизајн за вселенски костим што би можел да го носи првата жена и личност која не е бгелец, што ќе одат на Месечината.

Вселенските костуми претставени во Вселенскиот центар Хјустон се прототипови, иако компанијата вели дека костимите за обука на астронаути ќе бидат испорачани до крајот на летото.

Компанијата минатата година доби договор за производство на одела за НАСА.

Новиот дизајн – во црна боја со сини и портокалови детали – доби многу поинаква естетика од надуените бели костуми што ги носеа астронаутите на Месечината во 20 век.

„Немавме ново одело од костумите што ги дизајниравме за вселенскиот шатл и тие одела моментално се користат на вселенската станица“, рече директорката на Вселенскиот центар Џонсон на НАСА, Ванеса Вајче, додавајќи дека тие го користеле истото одело засновано на таа технологија веќе 40 години.