АПЕЛ ДО СИТЕ РОДИТЕЛИ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА И ОКОЛНИТЕ ОПШТИНИ: ДА ДАДЕМЕ ПОДДРШКА НА ОНЛАЈН ПЕТИЦИЈАТА „НЕ“ ЗА РОДОВАТА ИДЕОЛОГИЈА ВО АКТИТЕ И ДОКУМЕНТИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА!

септември 2, 2023

КЛИКНЕТЕ И ПОДРЖЕТЕ ЈА ОНЛАЈН ПЕТИЦИЈАТА: КЛИНИ ОВДЕ!

ТИВЕРИОПОЛ.МК:

Денес е 1ви септември. Ден кој треба да биде празник на образованието, празник за секое прваче, празник за секое дете, но и празник на радоста, за сите родители. За жал, за нас родителите овој 1ви септември е ден кога со голема неизвесност и страв ги праќаме нашите деца во училишта контаминирани од родовата идеологија, но и изложени на непрестајна опасност од ,,легитимен’’ упад на родови активисти и нивната пропаганда во концептите и програмите, но и учебниците на нашите деца.

Забележуваме дека во континуитет и систематски се спроведува агендата на поранешната министерка за образование Мила Царовска, која што беше и остана најголемата трагедија во нашиот образовен систем, правејќи место во образованието на антинаучната и психофизички деструктивната родова идеологија.

Она што особено нѐ загрижува и што веќе нема да го толерираме е заштитничкиот однос кон родовата пропаганда на протежето на министерката за труд и социјала, претседателот на советот на Општина Струмица Марјан Даскаловски.

кој отворено ги опструира измените на програмите на Општината и документите што се однесуваат на образованието каде што е застапена родовата пропаганда.

Познавајќи ги добро советниците и знаејќи ги нивните размислувања и ставови во однос на родовата идеологија сметаме дека овој човек и неговиот гласноговорник, координаторот Александар Ненчев држи во ,,заложништво’’ дел од советниците, правејќи ги заштитници и пропагатори на родовата идеологија, а тоа се:

Дениза Стамболиева
Зоран Костадинов
Vane Krstev
Elena Magjerovska Palikarova
Boris Stojanov
Абдул Ахмед
Silvana Stojanova
Aleksandar Nenchev
Ице Беличев
Tankica Trendova

Ги повикуваме погоре спомнатите советници да се освестат и да разберат дека ја претставуваат волјата на граѓаните, а не на родовите идеолози и нивните потчинети застапници. За нашите деца се работи и за нивната иднина!

Упатуваме апел до сите родители од општина Струмица, но и од околните општини, оти и вашите деца учат во основните и средните училишта на територијата на општина Струмица, да ја поддржите онлајн петицијата “НЕ” за родовата идеологија во актите и документите во училиштата и во општина Струмица!

Затоа во претстојниот период ќе се организираме и ќе делуваме, информираме и предупредуваме за сите опасности со докази и аргументи преку ЗДРУЖЕНИЕ НА РОДИТЕЛИ кое ќе го промовираме во текот на следната недела. Децата им припаѓаат на родителите, а не на родовите идеолози! Ние родителите ќе одлучуваме за образованието и за сѐ што се однесува на нашите деца, и никој друг!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ