Perdormire
Струмица

АНОНИМЕН ДО СТРУМИЦА ДЕНЕС: ДЕНЕСКА ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ 100 МАСКИ ЗА ЗАШТИТА КОИ ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ЗА ПОСТАРИ ЛИЦА – ЌЕ БИДАТ ОСТАВЕНИ ВО АПТЕКИТЕ „ЕЛИКСИР“ И „ЗЕГИН“ КАЈ ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО СТРУМИЦА!

До редакцијата на Струмица Денес утрово пристигна писмо од кое искрено и ние самите бевме изненадени. Изгледа дека се’ уште постојат херои во оваа време-невреме. Во продолжение проследете го:

„Вака, би сакале да ве известиме дека денеска ќе бидат донирани околу 100 маски за заштита во аптеките на „Еликсир“ и „Зегин“ кај Општата болница во Струмица. Маските ќе бидат наменети се разбира само за постарите лица кои не можат да набават маски за да се заштитат од вирусот. Маските ќе бидат доставени таму најверојатно после 15:00 часот. Ве замолуваме да ја споделите информацијата.“