АНКЕТА: ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ИЗРАЕЛ НАЈАВИЈА, ДАЛИ ТРЕБА И МАКЕДОНИЈА ДА ГИ УКИНЕ КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ?

јануари 21, 2022

Светот ги менува протоколите за заштита од Ковид-19. Откако властите во Велика Британија и Израел најавија укинување на зелените пасоши, сега и Светската здравствена организација им порача на светските лидери да размислат за повлекување на ковид сертификатите како услов за патување.

Надлежните во земјава се уште не зборуваат на оваа тема, но лекарите сметаат дека препораките на СЗО би требало да се почитуваат.

Докторот на Клиниката за Токсикологија, Нико Беќаровски, на Фејсбук статус напиша дека „Ковид сертификатите се комплетно смешни во ерата на Омикрон сојот од Sars-Cov-2“ и вели „ајде да бидеме меѓу првите кои времено ќе ги суспендираме, барем на територијата на Македонија“!!!

„Место барање на ковид сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т е. мерење на телесната температура“, пишува Беќаровски во својот пост на Фејсбук.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ