АНКЕТА: Струмичани бараат да се изгради старечки дом во Струмица, дали е тоа навистина потребно?

ноември 2, 2018

На вчерашната анкета поставена од порталот Струмица Денес со наслов „ШТО ПОВЕЌЕ САКААТ МЛАДИТЕ ДА СЕ ОТВОРИ ВО СТРУМИЦА, КИНО ИЛИ ПАК ПОГОЛЕМ НОЌЕН КЛУБ НАДВОР ОД ГРАДОТ СО СЕКОЈДНЕВНИ ЖУРКИ?“   младите најмногу коментираа дека во Струмица е потребно да се изгради кино, бидејќи Струмица тоа и го заслужува. Но, коментарот кој собра дури 200 лајкови е следен: „Млади на пола останаа, а и другите размислуваат да заминат. Така да по мое најдобро би било да се изгради старечки дом, оти ќе нема кој да не гледа.“ Откако го забележавме овој коментар, без никакво размислување го поставуваме прашањето: Дали во Струмица навистина е потребно да се изгради старечки дом? Вашите размислување оставете ги во коментар.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ