Денот го започнуваме со убава информација. Нашата седумгодишна хероина Ана Иванова од Струмица, на своја иницијатива ја скрати својата коса за да ја донира на децата болни од рак. Родителите на Ана за Струмица Денес велат дека ова била нејзина голема желба и благодарение на фризерското студио АХА, таа е исполнета.
Браво Ана!