strumica denes logo

Албанците со најмал број на министри во Владата во последните 20 години!

Автор:

Датум:

јуни 4, 2024

Автор:

Датум:

јуни 4, 2024

Албанците ќе предводат најмал број на министерства во Владата во последните 20 години, кажува евиденцијата на ТВ21, додека траат преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ за составување владеачко мнозинство.

„Вреди“ би имал четири министри и тоа би била најслаба застапенот во Владата од 2006-та па наваму, кога ВМРО-ДПМНЕ имаше коалициски договор со ДПА.

Според доегашните гласини, „Вреди“ треба да ја добие функцијата прв вицепремиер, Министерството за здравство, Министерството за животна средина, Министерството за економија и новоформираното „Министерство за социјална политика, демографија и млади“. Коалицијата ВРЕДИ се очекува да добие и двајца министри без ресор, за евроинтеграции и за добро владеење.

Во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ имаше 40 пратеници, додека ДПА имаше 11. Тогаш Албанците имаа вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор и 4 министерства – за здравство, Министерството за образование, Министерството за култура и Министерството за животна средина. Сега, во 2024 година ВМРО ДПМНЕ има 58, а ВРЕДИ 14 пратеници.

Доколку имаме реформирање на министерствата, следната влада ќе има 20 министерсвта, без да се земаат предвит трите министерства без ресор. Од тие, само 4 ќе и припаднат на ВРЕДИ, а 2 на ЗНАМ. Со другите 14 ќе раководи кадар на ВМРО ДПМНЕ, а ќе нема министер од ниту една од помалите етнички заедници.