strumica denes logo

АКО НЕКОЈ САКА ДА СИ КУПИ ВЕЛОСИПЕД, ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ДАВА ДО 10.000 ДЕНАРИ СУБВЕНЦИИ!

Автор:

Датум:

април 29, 2025

Автор:

Датум:

април 29, 2025

Општина Струмица го објави Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување велосипед или велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло) за 2025 година.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Субвенционирањето е во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот или пакетот со заштитна опрема, но не повеќе од 10.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Вкупниот буџет предвиден за оваа намена изнесува 800.000 денари.

Право на учество имаат сите граѓани на општина Струмица кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот повик. Аплицирањето е возможно до исцрпување на буџетот или најдоцна 30 дена од денот на објавувањето.

Според општинските информации, до 2026 година се предвидува изградба на вкупно 18 километри велосипедски патеки на територијата на општината.

Деталните услови и потребната документација за аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Општина Струмица.

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: https://strumica.gov.mk/javen-povik-velosipedi-2025