Adient повторно со титула за најдобар работодавец!

јануари 22, 2024

Adient, глобалниот лидер во производство на автомобилски седишта, по вторпат добива сертификат од Институтот„Top Employers“ за најдобар работодавец во Европа за неколку од своите фабрики од регионот на ЕМЕА. „Ова второ последователно рангирање на врвот е доказ за нашите континуирани залагања да бидеме ценет работодавец и е доказ дека приоритет ни се нашите вработени“, изјави Небахат Гуелер, потпретседател за човекови ресурси во Adient ЕМЕА. „Сметаме дека прогласувањето за најдобар работодавeц eреномиранo надворешнo признание занашиот напредок.“

23од фабриките на компанијата Adient лоцирани воРепубликаЧешка, Унгарија, Македонија, Полска, Романија и Србија ја поминаа опсежната евалуација од страна на институтот и беа оценети во категории како што се: стратегија за човекови ресурси, работно опкружување, привлекување таленти, учење, различност и инклузија, добросостојба и сл. Сертифицирани се фабриките од шесттеоценети реони, исто како и минатата година.

Речиси сите Adientфабрики кои беа оценувани покажаа значителен напредок во резултатите со што се потврдува културата на постојано учење, а целосното бодување на компанијата е подобрено за 4,5% во споредба со 2023г. Споредено со резултатите на 86 компании кои учествуваа во анализата, Adientво однос на конкурентите, особено се истакнаво категориите:стратегија за вработените и практики за различност, еднаквост и вклученост, со 11% и 7% подобро рангирање соодветно. Според тоа,главните приоритети на Adient во доменот на човековите ресурси е да се биде компанијараководена од целите, развој на лидерството, организациски дизајн и промени, како и различност, еднаквост и инклузија.

„Повторната сертификација како најдобар работодавец, со повисоки оцени од минатата година, ја отсликува нашата посветеност кон нашите вработени, кон зајакнување на грижата за вработените кои нé инспирираат да продолжиме да ја унапредуваме корпоративната култура ида бидеме горди што сме дел од семејството на Adient,” истакна Дијана Станкоска, менаџер за човекови ресурси во Adient Automotive во Струмица.

Програмата за сертификација за најдобар работодавец е создадена за да обезбеди насоки за спроведување на најдобри практики на вработените во широк спектар на индустрии. Оваа програма ги оценува компаниите низ целиот свет и дава повратна информација за нивната работна култура врз основа на истражување на најдобрите практики.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ