81 КАЗНА ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА СТРУМИЦА!

февруари 20, 2023

На 19.02.2023 во периодот од 10.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 197 пречекорувања на брзината, од кои 81 на подрачје на Струмица, 50 на подрачје на Радовиш, 37 на подрачје на Гевгелија и 29 на подрачје на Валандово. 122 прекршувања на брзината биле констатирани во населено место, а 75 надвор од населено место. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ