strumica denes logo

Повторно напади врз Елеуса и Родителски фронт во име на “родовата еднаквост”

Автор:

Датум:

октомври 2, 2024

Автор:

Датум:

октомври 2, 2024

Фејсбук објава на Родителски Фронт:

„НЕПРИСТРАСНАТА” ЛУПЕВСКА И „ТРАНСПАРЕНТНИОТ” ПОПЕТРЕВСКИ

Во последната епизода на КОД со Снежана Лупевска Созен на ТВ Телма, нашите активисти беа фокусирани во неубедлива “рекла казала, ама не записала” поврзаност со руски служби и влијанија, со приказни за тоа кој кого поддржал на ФБ во врска со ставовите против родовата идеологија. Оваа корелација беше без конкретни факти, а само со растегнати наративи во надеж дека ќе поминат. Ако имаше конкретни докази, сигурно би ги откриле и презентирале.

За разлика од нив, ние презентираме цврсти докази за платени и преплатени новинари, финансирани од странски влади, кои мораат да ги оправдаат големите пари што ги добиваат за промоција на родовите идеологии и за влијание врз јавното мислење. Документите што ги прикажуваме даваат сосема поинаква слика за тие што се претставуваат како независни и непристрасни новинари. Овие луѓе не само што ги примаат парите, туку се и основачи, активисти и учесници на „лидерски” средби каде се промовираат родовите идеологии. Ваквите лица се всушност платени медиумски лобисти, а во земји како Русија и Грузија, тие би биле означени како странски агенти.

И така стигаме до наративот странски влијанија каде произлегува дека „новинарот” Снежана Лупевска Созен како основач на „Тринити плус продукција” ДООЕЛ Скопје уште во 2012 година примила пари за да продуцира 12 емисии со специфична цел која ја цитираме; „промена на популарните мислења и ставови на граѓаните спрема проблемите на лезбејките, гејовите, бисексуалците и трансродовите (ЛГБТ) како и промоција на ЛГБТ права преку лични приказни и наративи”.
Новинарот Васко Попетревски како основач на здружение на граѓани „360 Степени” од 2016 наваму добива пари за формирање на продуцентска фирма „360 Степени” ДОО Скопје и продуцира емисија „360 Степени” која пред некој месец со истите приказни напаѓаше за некакво руско влијание поради нашиот отпор кон родовата идеологија. Дури некои кадри и наративи од таа емисија се појавуваат во вчерашната емисија „КОД” на Снежана Лупевска.

Од 2016 година, Телевизија Телма добива финансиски средства, што поставува прашање за намената на тие пари и дали е случајно што токму од таа медиумска куќа постојано се пласираат добро организирани и мотивирани напади кон секој што се спротивставува на родовата идеологија. Овие напади се дел од „Cancel” културата, која е составен дел од родовата идеологија, со цел да се дискредитираат и “откажат” оние што имаат поинакви ставови.

Ако се следи наративот прикажан во КОД, излегува дека мнозинството сојузни држави во САД веќе се под руско влијание, само затоа што носат закони на државно ниво против родовата идеологија. Во реалноста, луѓето во Америка имаат уште пожестоки и порадикални ставови од нашите. Тие веќе ги искусија негативните ефекти од родовата идеологија и реагираат остро за да ги заштитат своите деца од психолошка манипулација и идеолошка индоктринација во градинките и училиштата. Овие родители не сакаат нивните деца да се водат кон хормонски терапии и хируршки интервенции, кои секогаш оставаат трајни физички и психолошки последици.
Но она што таму почнува да се отфрла, полека но сигурно доаѓа и кај нас во Македонија преку предводници и платени лобисти на родовите идеологии. Овие луѓе имаат имиња, сметки, и учествуваат на таканаречени „лидерски” средби каде што промовираат свои наративи, манипулираат и ги користат проблемите на жените и лицата со хомосексуална ориентација за свои цели. Ги има во разни професии – од политичари и активисти, до новинари, доктори, па дури и верски лица – но за среќа се малку на број и јавноста веќе ги препознава и презира.

Во случајот со нападите од платените лобистички продукции, еве ние ќе им помогнеме објавувајќи ги емисиите на „КОД” и „360 Степени”, па граѓаните сами нека си донесат заклучок. Ние за разлика од нив, не ја потценуваме интелигенцијата и разборитоста на македонскиот народ и нема да ги ограничуваме коментарите на социјалните мрежи бидејќи не се плашиме од народот – ние сме народот.

Што се однесува пак до личностите коишто ги пофалија односно ги претставија како жртви во тие емисии, ние ги охрабруваме да продолжат така, затоа што всушност со тоа само предизвикуваат поголема огорченост и одбивност кај народот за истите. Истовремено ги охрабруваме платените лобисти да прават повеќе такви емисии за нас, бидејќи така најдобро се разоткриваат нивните мотиви и манипулации, а граѓаните добро знаат што се случува.

Парите што се слеваат преку Хера, Маргини, Хелсиншки комитет, Отворено општество, Планирано родителство и различни фондации имаат еден заеднички извор – Сорос и неговите соработници на високи позиции. Се поставува прашањето; зошто се вложуваат толку значајни средства преку овие перфидни канали, директно или индиректно, токму во програми насочени против децата?

Во прилог мала галерија со интересни слики што кажуваат многу повеќе и се резултат на нашето мало истражувачко граѓанско новинарство, кое ете ги потсетува етаблираните бардови на новинарството во Македонија дека нешто смрди на трговија со медиумско влијание преку проектчиња и грантчиња.