strumica denes logo

Струмичкиот хирург Д-р Петар Марков воведува нова минимално инванзивна процедура за третман на ингвинални хернии во Струмица!

Автор:

Датум:

февруари 1, 2024

Автор:

Датум:

февруари 1, 2024

Струмичкиот хирург д-р Петар Марков воведува нова минимално инванзивна процедура за третман на ингвинални хернии.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

За пациентите од регионот кои гравитираат кон Општа болница – Струмица е веќе достапна нова мимимално инванзивна процедура за третман на ингвиналнни хернии (ингвинална кила).

Се работи за лапароскопска процедура која се користи за поправка на дефектите на абдоминалниот ѕид во препонската регија. Наместо досега познатиот пристап со рез се користат три помали инцизии од 5 мм низ кои се влегува со камера и два работни портови.

За реализација на самата поправка и во овој случај се користи простетски материјал (полипропиленска мрежа), но истата се поставува од внатрешната страна на абдоминалниот ѕид со што под дејство на притисокот од абдоминалните органи овозможува поправката да биде по солидна.

За изведување на оваа лапароскопска операција потребно е пациентот да биде воведен во општа анестезија заради што постојат дефинирани ексклузиони критериуми кои треба да се задоволат за време на предоперативната припрема на пациентот.