42 ВОЗАЧИ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА СЕ КАЗНЕТИ БИДЕЈЌИ УПРАВУВАЛЕ ВОЗИЛО БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА!

февруари 12, 2024

Денеска (11.02.2024) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на подрачје на општина Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 89 возачи, и тоа 42 за управување на возило без возачка дозвола, 6 санкции за возачи што управувале моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 13 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 5 возачи без лекарско уверение (јавен превоз-такси возачи), а одземено е и едно моторно возило нерегистрирано повеќе од 6 месеци.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ