strumica denes logo

ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРВАВАТА ТЕПАЧКА ВО БАНИЦА: ОТИШЛЕ НА ПРОСЛАВА И СЕ СТЕПАЛЕ ВО ЦРКВАТА!

Автор:

Датум:

ноември 9, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 9, 2018

Категории:

Струмица

На 08.11.2018 година околу 12.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во дворот на црквата „Св.Димитрија“ во село Баница, струмичко, за време на прослава по повод верскиот празник Митровден, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Д.М.(31) и Т.М. од село Баница од една страна и Н.С. и Ѓ.Т. од друга страна, по што се приклучиле и други лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој по укажаната помош во Медицинскиот центар Струмица бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле Т.М. и П.А.(28),. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.