Струмица наскоро добива ново урбано катче за сите љубители на доброто кафе и пријатната атмосфера. На адреса Маршал Тито 146, своите врати наскоро ќе ги отвори „BLA BLA CAFE“ – ново место кое ветува да стане омилена дестинација за утринско кафе, дружби и опуштени моменти во текот на денот.
Со модерен амбиент, внимателно создадена атмосфера и фокус на квалитетно кафе, „BLA BLA CAFE“ најавува ново освежување во угостителската понуда во Струмица.
За сите кои сакаат добро кафе, пријатно друштво и место со посебен шарм, наскоро ќе имате нова адреса која вреди да се посети. ☕🤎






















