Македонските министри ќе се подноват со луксузни и моќни возила, владата ќе потроши 1,6 милиони евра!

март 20, 2024

Македонската влада наскоро ќе потроши 1,6 милиони евра за изнајмување на 45 нови автомобили од висока класа со зафатнина од над 2.000 кубни метри. Ваквата одлука предизвика негодувања и реакции во јавноста, особено што граѓаните се соочуваат со економска несигурност и недостаток на средства за основни потреби.

Тие велат дека Владата треба да биде одговорна пред своите граѓани и да ги земе предвид нивните потреби и предизвици. Дали оваа одлука е неизбежност поради безбедност или просто лицемерство, времето ќе покаже.

Техничкиот премиер Талат Џафери, пак, во врска со набавувањето нови возила на лизинг од Владата, вели дека тоа не е новина и оти станува збор за востановена пракса. Според него, лизингот е поевтин од купувањето моторно возила во сопственост бидејќи, како што рече, за периодот додека трае лизингот или по време или за поминат километар по возило, гаранцијата и одржувањето е на давателот на услугата, а не на побарувачот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ