Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Во Струмица победува сплотеноста, единството, прогресот.
Огромен број од мнозинството граѓани тоа го препознаваат и даваат поддршка на моите политики.
Струмицо моја и вечерва ја потврди моќта на социјалдемократијата!
Докажа дека сме единствени, неприкосновени, силни, обединети и непоколебливи во водењето на државата напред и само напред кон Европската Унија.
Ја наполнивме спортската сала и ја одржавме најголемата трибина во државата и на сите им покажавме колку сме цврсти и одлучни, им покажавме која е и што е нашата Струмица.
Со полно срце и неизмерна чест и гордост, зборував за успесите на социјалдемократскиот дух во Струмица и државата пред актуелниот претседател на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, поранешниот Зоран Заев, нашите министри, пратеници, моите сограѓанки и сограѓани.
Сме и ќе бидеме пример за сите како се води Општина и како се сака држава. Горд сум што сум еден од креаторите и чинителите на највисоките вредности што ги создаде СДСМ.
Горд сум што сакам и можам да работам за нашата Струмица и да им бидам слуга на моите сограѓани.