ДИРЕКТОРОТ НА СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА ВЕЛИ ДЕКА ПЕРСОНАЛОТ ВО БОЛНИЦАТА Е ОПРЕМЕН СО ДОВОЛЕН БРОЈ НА МАСКИ, РАКАВИЦИ, ДЕЗИНФЕКЦИОНИ СРЕДСТВА, МАНТИЛИ ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА И СКАФАНДЕРИ!

март 28, 2020

Д-р Наке Гогов, директор на струмичката болница: 

Јас како директор на ЈЗУ Општа болница Струмица сакам да потенцирам дека персоналот во болницата е опремен со доволен број на маски, ракавици, дезинфекциони средства, мантили за еднократна употреба и скафандери кои се потребни за медицинскиот персонал кои се на првата линија која е најмногу изложена на ризик од инфекција со корона вирусот. Во болницата се постапува по препораките и упатствата на министерството за здравство и институтот за јавно здравје. Иако сме малечка земја со ограничени ресурси сепак многу порано воведовме мерки во здравството за разлика од земји во Европа кои се многу поразвиени од нас во секој поглед , а посебно во здравството.

Истите земји покрај економската предност се соочија со проблеми околу организацијата на материјални средства и персонал како што се соочуваме и ние во ситуацијата со вирусот. Околу жалбите за бројот на доктори посебно на интерно одделение морам да го напоменам следното: кога јас дојдов како директор на болницата еден дел веќе отидоа во пензија, а друг дел во приватниот сектор и поради тоа мораше да се компензира со доктори од друг град. Грешката е направена години претходно- од претходната власт бидејќи не била направена доволна проценка дека некои одделенија , како неврологија, рентгенологија, а посебно интерно ќе остане без доктори.

Додека јас сум директор на болницата околу 30- ина месеци примени се 20 доктори – од кои 10 се пратени на специјализација, а другите ќе бидат испратени оваа година и за неколку години (5-6 години) ке се вратат да работат во болницата. Еден дел од специјализантите додека ја обавуваа специјализацијата , даваа дополнителен ангажман и дежураа во Струмица и дадоа подршка на болницата и на градот со исклучок на неколку.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: