На 16.11.2021 во 18.20 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода К.А.(27) од Струмица, затоа што при пасошка контрола било утврдено дека во службената евиденција се бара по телеграма од ОВР Кавадарци, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, казниви по член 300 и 301 од Кривичниот законик. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Велес за понатамошна постапка.
27 годишен Струмичанец уапсен на „Табановце“, не пружил помош на повреден во сообраќајка!

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: