Вчера во 13.15 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, полициски службеници констатирале дека Ж.И.(26) од Струмица на увид приложил фалсификувана полска возачка дозвола.
Возачката дозвола била одземена за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.