22 ГОДИШНО МОМЧЕ ПОЧИНА ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЦА!

август 10, 2022

На 10.08.2022 во 01.55 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Р 1403, делница помеѓу селата Добрејци и Василево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (22) од Струмица, управувајќи патничко возило „бмв“ со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Неговите пријатели на социјалните мрежи денеска објавуваат дека Д.Р. (22) им подлегнал на повредите. Нека почива во мир. Царство Небесно!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ